Претседателството на Косова објави дека кабинетот на претседателката Вјоса Османи во првите шест месеци од годинава потрошил над 86.000 евра.
Во кабинетот на косовската претседателка се вработени 19 лица.
Османи и нејзиниот кабинет потрошиле најмногу пари за патни билети во странство (48.968 евра), јавуваат приштинските медиуми.
За сместување за време на патувањето потрошиле 12.658 евра, а за гориво 9.000 евра.
Официјалните ручеци и вечери чинеле 3.455 евра, додека протоколарниот коктел по повод Неделата на жената чинел 1.000 евра.