Кабинетот на Зеленски демантира дека се подготвува да се кандидира за втор мандат

од Vladimir Zorba
47 прегледи

Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски го демантираше извештајот на британски „Економист“ дека Зеленски се подготвува да се кандидира за втор мандат на претседателските избори во јули.

Канцеларијата, исто така, негираше дека Зеленски одржал состанок за изборите во јули, на кој наводно, според Економист, му наредил на својот тим да ги организира изборите, пренесе УНИАН.

Извор од украинската влада изјави дека главното прашање сега е постигнување мир и дека е целосно лажно дека подготовките за изборите веќе се во тек.