Кацарска од претходно добивала закани на социјалните мрежи, забодениот нож бил пронајден над прекинувачот во гаражата

од Nikola Popovski
236 прегледи

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска веќе доживеала повеќе непријатности и ситни инциденти. Од Уставниот суд велат дека имало закани на социјалните мрежи кои директно се упатени кон неа. Кацарска не сакала да се реагира за ниту еден од инцидентите, се до моментот вчера.

Во текот на вчерашниот ден, таа во полициска станица пријавила евентуално загрозување на безбедноста откако на нејзиното приватно паркинг-место во близина на нејзиното живеалиште, во непосредна близина на нејзиното возило се пронајдени нож и други предмети.

-Во однос на наводите дали се работи за некакви закани или станува збор за некаква случајност или невкусна шега, оставаме надлежните да ги утврдат работите, изјави портпаролката на Уставниот суд.

Како што информира, забодениот нож бил над 20 центиметри од прекинувачот за струја кој што се употребува за да се осветли делот над нејзиниот автомобил.

На прашањето дали овој случај е можеби поврзан со опожарувањето на службеното возило на директорот на КПУ Идризово, портпаролката рече дека „таква паралела од оваа позиција не би можела да ви дадам“.

-Прашањата треба да ги дадете на друга адреса. Она што можам да го потврдам е нејзината пријава во текот на вчерашниот ден, додаде портпаролката.

Слични содржини