КАДЕ Е НАВАЛНИ: Рускиот опозиционер префрлен од затвор во Москва, се сомнева дека е во логор

од Vladimir Zorba
331 прегледи

Адвокатот на водечкиот руски опозициски политичар Алексеј Навални потврди дека неговиот клиент бил префрлен од затворот во Москва, но засега не е познато на која локација.

Вадим Кобзев, адвокатот на Навални, рече дека сака да се види со неговиот клиент, но дека само му било кажано дека бил „преселен некаде“.

Како што додаде, иако не му беше кажано каде е, се претпоставува дека тој е во казнен лагор.

Адвокатката Олга Михаилова исто така рече дека не е познато каде е Навални.

„Никому не кажаа каде го префрлија“, рече таа за Франс Прес.

Ева Меркачева, член на јавната комисија во Москва, која ги следи човековите права на затворениците, исто така истакна дека е сигурно дека Навални бил испратен во казнен логор затоа што судот му ја потврдил затворската казна.

Првично, немаше потврда од официјалните власти.

– Фактот што не знаеме каде е сега и што се случува со него, ја потврдува големината на заканата – објави на Твитер Леоник Волков, сојузник на Навални.

Адвокатите веруваат дека тој може да биде ослободен летото 2023 година, земајќи го предвид времето поминато во притвор и домашен притвор.

Условната казна од 3,5 години, според судската одлука, беше претворена во затворска казна. Годината што Навални веќе одлежал во домашен притвор треба да биде вклучена во казната, што значи дека ќе помине уште 2,5 години во затвор.

Навални претходно беше осуден за наводно кршење на условната казна од 2014 година кога се опоравуваше од труење во Германија.

Имено, постои сомневање дека тој бил отруен со нервен агенс „Новичок“ минатото лето, а за труењето го обвинува претседателот на Русија, Владимир Путин. Тој се врати во Москва од Берлин, каде му беше укажана помош, на 17 јануари, кога беше уапсен на аеродромот.

Тој беше осуден по итна постапка и неговиот затвор се смета за политички мотивиран.

Слични содржини