И по две години од приведувањето на првообвинетите за случајот Монструм, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, во Приштина, се уште нема одговори дали и кога тие ќе бидат испорачани во Македонија.
91
Одговор нема ниту од македонското, ниту од косовското Министерство за правда, до каде е процесот на екстрадиција? И адвокатот на двајцата обвинети, Насер Рауфи не ја коментира екстрадицијата, со образложение дека тие имаат други адвокати во Косово. Процесот на екстрадиција почна пред две години откако, косовските власти ги уапсија на 3-ти март 2013-та година, поради нелегално поседување оружје, за што Алил Демири доби две и пол, а Африм Исмаиловиќ две години казна затвор, бидејќи ја признал вината.
Во текот на целата година во јавноста се изнесуваа контрадикторни информации од надлежните во двете земји, околу двојното државјанство на двајцата. Косовските власти и од одбраната најпрво тврдеа дека Косово не испорачува свои државјани, но подоцна информираа дека тие немале косовско државјанство. Според последниот став на министерот за правда, македонскта страна ја завршила својата работа.
Демири и Исмаиловиќ се двајца од шестемината осудени на доживотни казни затвор, за тероризам, и како директини извршители на маскрот кај Смилковското езеро, заедно со Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута. Пресудата беше донесена на 30 јуни лани, по што следеа низа масовни протести и бурни реакции од роднините на осудените, кои со неверуавње ја примија пресудата и тврдеа дека целиот процес е политички монтиран.
Од друга страна, и семејствата на убиените, се сомневаат дека институциите кријат детали за случајот, кои можат да дадат одоговори кој и зошто ја нарачал ликвидацијата на нивните деца?
Случајот „Монструм“ повторно влезе во фокусот на јавноста, откако опозицискиот лидер Заев најави дека во една од т.н. бомби ќе објави се што поседува поврзано со овој случај. Во моментов се чека Апелациониот суд да свика јавна расправа, откако пред пет месеци пресудата беше обжалена.
Извор: 24Вести
