Едно од најголемите прашања во тенисот во моментов е каде всушност може да настапи Новак Ѓоковиќ. Засега сигурно знаеме дека ќе го гледаме само на еден турнир.
На официјалната страна на најдобриот играч на планетата е впишан само еден турнир, тој што од 21 февруари се одржува во Дубаи.
Обединетите Арапски Емирати не бараат доказ за целосна вакцинација за натпреварување на турнирот, а Дубаи е еден од турнирите на кои Ѓоковиќ доминираше низ годините. Тој дури пет пати славеше, а во Дубаи со нетрпение чекаат да го видат најдобриот играч на планетата.
Во своето обраќање ексклузивно за Би-Би-Си, Новак рече дека не треба да се поврзува со антиваксерските движења, но го поддржува правото на поединецот на избор.
Ѓоковиќ беше прашан дали би го жртвувал учеството на грен слемите како Вимблдон и Ролан Гарос поради неговиот став за вакцината.
„Да, тоа е цената што сум подготвен да ја платам“, рече тој.
Имено, се поверојатно е дека би можел да се натпреварува на едни од двата најголеми светски турнири кои се одржуваат во Европа.
На Вимблдон (27 јуни – 10 јули) тоа е речиси сигурно бидејќи организаторите на турнирот ги имаат истите правила како Владата, па затоа е неопходен негативен ПЦР пред да се влезе во земјата (72 часа пред патувањето), а уште еден на вториот ден по влегување во земјата. Засега на сила е и задолжителен десетдневен карантин.
Постои можност Новак пред тоа да се натпреварува на Ролан Гарос, бидејќи Французите ги олеснуваат мерките (22 мај – 6 јуни), а се поизвесно е дека наскоро од луѓето кои доаѓаат нема да се бара да бидат целосно вакцинирани, туку ќе го следат сличниот модел како и Британците.
За Ѓоковиќ тоа е важно од аспект на турнирот во Монте Карло, бидејќи според важечкото правило во земјата можат да влезат оние кои се заразиле со коронавирус во претходните четири месеци. Според тој закон, Новак може да учествува на турнирот што се одржува од 10 до 17 април, бидејќи Србинот на 16 декември доби позитивен тест на коронавирус во Србија.
Кога станува збор за последниот грен слем во сезоната кој се игра од 30 август до 12 септември, Новак доколку не се промени ситуацијата нема да може да учествува.
Тој будно ги следи одлуките во САД, не само поради УС Опен што се игра во Њујорк, туку и поради двата мастерс турнири кои веќе се на програмата во март.
Имено, тешко е да се очекува Ѓоковиќ да го видиме на турнирот во Индијан Велс (често наречен „петти грен слем“) од 10 до 20 март, бидејќи според одлуките на САД, во овој момент е неопходна целосна вакцинација за влез. Новак на тој начин би можел да има затворени вратите на турнирот во Мајами, кој е на програмата од 23 март до 3 април.
Има многу непознаници што може да му направат дополнителен проблем на Новак да ја испланира сезоната. Правилата се менуваат од ден на ден, но се очекува дека патувањата дополнително ќе бидат олеснати сега по цели две години дополнителни тестирања за сите патници и задолжителната вакцинација. Сè повеќе земји, особено во Европската Унија, ја разгледуваат идејата да дозволат влез на невакцинирани патници на нивно тло.
Да наведеме уште еден пример каде според сегашните правила Ѓоковиќ не може да настапи. Имено, од 1 до 8 мај во Мадрид се одржува еден од најпознатите мастерси во светот, кој Србинот го има освоено три пати.