Каде на Балканот се најниски цените на горивата?

од Vladimir Zorba
347 прегледи

Владата на Северна Македонија донесе мерки за намалување на цените на горивата

Со ваквата мерка, оттаму тврдат дека на граѓаните им е заштитен стандардот“ и „полесно ќе се справуваат со ефектите од светската економска и енергетска криза“.

Ваквите политики беа посочени како позитивен пример во регионалните медиуми, па и останатите земји од регионот започнуваат да креираат свои верзии.

Помеѓу првите кои најавија ваква можност е Хрватска, откако премиерот Андреј Пленковиќ истакна дека започнуваат да ја разгледуваат можноста за намалување на акцизите, но дека таквите измени би се имплементирале дури за две недели од сега.

Во меѓувреме, граѓантие на Хрватска горивата ги плаќаат по цена од 1,54 евра по литар за дизел и 1,57 евра за бензин, Еуросупер 95.

Парламентот на Косово вчера заседаваше со цел преземање мерки и намалување на давачките за горивата, меѓутоа не успеа да донесе одлука. Цените на горивата во Косово остануваат 1,52 евра за бензин и 1,41 евро за литар дизел.

Владата на Црна Гора претстави пакет мерки за намалување на акцизите, меѓутоа поради закоченост на парламентот таквиот пакет мерки се уште не е изгласан, а граѓаните на Црна Гора од денес ги имаат највисоките цени на горивата. Литар бензин во Црна Гора чини 1,78 евра, додека за литар дизел Црногорците плаќаат 1,73 евра.

Од друга страна, Албанија не се одлучи на ваков чекор, туку ги замрзна цените на дизелот и бензинот на 1,72 евра по литар, што е нешто над 105 денари или околу 20 денари поскапо од цената во земјава.

Во Србија литар дизел се точи за 1,52 евра, додека бензинот е околу 1,45 евра. Во Грција, цената на бензинот се движи нешто окоу 2 евра по литар, додека дизелот е 1,68 евра за литар.

Слични содржини