276
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски заедно со својата сопруга денеска ја посетија Детската Клиника.
Семејството Николовски кои неодамна правеа свадба дел од сумата која ја добиле за подарок ја донираа за децата во болница. Тие на Клиниката за детски болести донираа современ апарат за мерење на концентрација на кислород во крвта кој е неопходен за дијагностика кај децата особено со белодробни заболувања.
„Каде постои љубов, постои и хуманост“, напишаа на Фејсбук страната на Детската Клиника.