Каде во Европа и регионот се точи најевтино гориво?

од Берта Китинска
232 прегледи

Најскап бензин Еуросупер 95 во регионот е во Албанија, каде литар се продава за 1,6 евра, а најевтин е во Босна и Херцеговина, каде што чини 1,25 евра, објави Мина.

Во Хрватска Еуросупер чини 1,52 евра, во Црна Гора 1,5, во Србија 1,46, а во Северна Македонија 1,27 евра.

Најевтиниот еуросупер 95 во Европа, 1,24 евра го плаќаат Бугарите, а најскапиот Холанѓаните – 2,01 евро.

Кога станува збор за Еуродизел, тој може да се купи во Албанија за 1,59 евра, во Србија за 1,53, во Хрватска за 1,52, во Црна Гора за 1,39, во Босна и Херцеговина за 1,25 и во Северна Македонија за 1,15 евра кој е најевтин во Европа.

Најскап еуродизел е во Шведска, каде литар чини 2,04 евра.