
Би-Би-Си – Лондон
Одлуката на Русија значително да го намали персоналот на американските дипломатски мисии става крај на сите надежи за ново рестартирање на односите меѓу Вашингтон и Москва во најблиска иднина. Покрај ова, тоа може да отвори нов полн со нејасностии период на сопреништво меѓу двете земји.
Претседателот на Русија Владимир Путин сметаше дека ако Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД, ќе може да изгради сосема различни двострани односи.
Но, по се изгледа дека Путин се излажал. Врз основа на недвосмислените сигнали од предизборниот штаб на Трамп, дека рестартирање на билатералните врски е можно, дури и пожелно, Москва се вмеша во американската изборна кампања без преседан, како што велат тајните служби на САД.
Во моментов се изтражува колку далеку стигнала Русија во поддршката на Трамп за време на изборната кампања. Тоа се разбира е важен момент во позадината на вложените дипломатски односи.
Русија по природа одрекува се, но Кремљ јавно изразуваше големи надежи со новиот „политички дисидент“ во Белата куќа.
Москва се надеваше на промена во политичката клима – на таква атмосфера во Вашингтон во која ќе стане можно укинување на многу од западните санкции кои беа воведени по анексијата на Крим.
Покрај тоа, Русија би сакала да склучи зделка со САД како резултат на која Вашингтон ќе ја признае Москва како рамноправен дипломатски играч, партнер во жешките точки од видот на Сирија и во целина во борбата против тероризмот, кој изникна од радиикалната исламистичка идеологија.
Тие надежи се срушија. Русија по се изгледа развила нереалнин очекувања кон претседателот Трамп.
Како си го замислил Путин – како напорен истомисленик или како политичар и дипломат од лесна категорија, кој лесно може да биде управуван и манипулиран?
Во секој случај, вмешувањето на Русија во американската внатрешна политика и истрагите во тој смисол станаа пречка за исполнување на било кави нови односи.
Русија нереално не сфатила колку остро ќе реагира на нејзиите дејства Конгресот.
Каков беше резултатот? Односите меѓу Вашингтон и Москва бездруго не беа добри, а протесрувањето на дипломатите само потврдува дека во скора иднина со сигурност нема да се подобрат.
Сето тоа главно ќе се одрази на украинската криза и конфликтот во Сирија.
Тоа значи дека Москва ќе ја активира својата информативна кампања и акциите во кибер просторот, насочени против Западот и особено против малите земји чии инфраструктурни и политички системи изгледаат поранливи.
Русија ќе прдолжи да ги модернизира своите нуклеарни оружја. Но, и САД исто имаат свои сопствени планови.
И не треба да заборавиме дека се повторува времето на студената војна.
Русија веќе не е светска сила каква што беше Советскиот сојуз. Но, има зошто да сме загрижени. Идеологијата на Кремљ – еден вид авторитарен државен капитализам, изгледа привлечна дури и за политичари од некои земји членки на НАТО.
Но, случувањата во Русија се поврзани со редица ограничувања.
Едно е фактот дека со деструктивни методи далеку не се стигнува. Дипломатското влијание бара предаденост и директна комуникција.
Токму затоа на пример Русија остана клучен играч во постигнувањето договор со Иран – независно од заладените односи на Москва со администрацијата на Обама.
Всушност, одлуката на Русија да го намали персоналот на американски дипломатски институции е рамен на мек чекор, односно дека Москва нереално сака да и обезеди на администрацијата на Трамп поле за маневри.
Второ, погрешната проценката за можностоте на новата претседателска администрација да започне рестартирање е поучна лекција за Москва.
Со ослабен Стејт департмент, со преовлдувањето на луѓе во Белата куќа кои му се верни на Трамп, но со неголемо дипломатско искуство, САД во очите на Мксова изгледаат се понесигурни.
А како што покажа првата студена војна, тоа не е добро за никого.