Каде завршува отпадот од ЕУ?

од Nikola Popovski
364 прегледи

Во 2020 година, извозот на отпад од Европската Унија во земји што не се членки на ЕУ достигна 32,7 милиони тони.

Според податоците на Евростат, ова е зголемување за три четвртини, или 75 проценти од 2004 година. Од друга страна, увозот на отпад од земјите што не се членки на ЕУ е намален за 10 проценти од 2004 година, а во 2020 година изнесува 16 милиони тони.

Турција е главна дестинација за отпад извезен од ЕУ, со големина од 13,7 милиони тони извезени минатата година, повеќе од трипати повеќе отколку во 2004 година.

Втора дестинација е Индија, која „прима“ скоро 2,9 милиони тони отпад од ЕУ во текот на 2020 година.

Следат Велика Британија со 1,8 милиони тони, Швајцарија со 1,6 милиони тони, Норвешка со 1,5 милиони тони, Индонезија и Пакистан – двете земји со 1,4 милиони тони.

Во последниве години, Пакистан растеше како дестинација за отпад од ЕУ, со зголемување на обемот од 0,1 милиони тони во 2004 година на 1,4 милиони во 2020 година.

Она што претставува остар контраст е што извозот на отпад од ЕУ во Кина е намален од 2009 година, кога изнесуваше 10,1 милиони тони, на 0,6 милиони во 2020 година.

Отпадот од челик и железо претставуваше повеќе од половина од вкупниот извоз на отпад во ЕУ

Во 2020 година, извозот на отпад од челик и железо од ЕУ изнесуваше 17,4 милиони тони, што претставува 53 проценти од вкупниот извоз на отпад.

Главната дестинација беше Турција со 11,8 милиони тони. Оваа земја доби повеќе од две третини (68 проценти) отпад од железо од ЕУ.

Од друга страна, ЕУ увезла 4,1 милиони тони железо отпад, од кои скоро третина доаѓаат од Велика Британија.

Иако на многу пониско ниво, исто така беше извезена „цврста“ количина отпад од хартија од ЕУ – 6,1 милиони тони, што претставува скоро една петтина (19 проценти) од вкупниот извоз на отпад во ЕУ минатата година.

1,6 милиони тони од тој отпад отидоа во Индија, 1,2 милиони во Индонезија и 0,9 милиони тони во Турција.

Сепак, 2,2 милиони тони беа увезени и во ЕУ, од кои најголемата количина, околу 0,9 милиони тони, дојде од Велика Британија.

Покрај отпад од железо и хартија, Европската унија најмногу извезува отпад од пластика (вклучувајќи гума), бакар, алуминиум и никел, отпад од текстил, отпад од дрво, животински и растителен отпад, комунален отпад, отпад од стакло, благородни метали и друг отпад.

ЕУ, освен отпад од железо и хартија, увезува претежно отпад од дрво, отпад класифициран како „друг“, бакар, алуминиум и никел, комунален отпад, животински и растителен отпад, пластичен отпад (вклучувајќи гума), стаклен отпад, отпад од текстил, благородни метали.

 

Слични содржини