„Кадена СЕР“: Луѓето на Рамос често лажат, тој може да не се врати на теренот

од Vladimir Zorba
489 прегледи

Поминаа четири месеци откако Серхио Рамос потпиша за Пари Сен Жермен. Тој се уште не дебитирал за клубот.

Првиот заеднички тренинг на Серхио Рамос со остатокот од тимот на парискиот клуб стана вест која ја пренесоа шпанските и француските медиуми. Фактот дека Рамос конечно е доволно здрав за да тренира ги израдува сите што навиваат за негово враќање и деби за водечката екипа во Лига 1, но не владее еднаков оптимизам кај сите.

Дел од шпанските медиуми тврдат дека информациите кои доаѓаат од блиските до Рамос се неточни.

Се наведува дека се разубавуваат за да не се открие вистинската здравствена состојба на стоперот, па новинарот на „Кејден СЕР“ Антон Меана пишува дека луѓето блиски до Рамос неколку пати го излажале и дале информации кои биле лажни.

Тој додава дека од разговорите со лекарите и клубот дознал дека нема многу причини за оптимизам, па дури и прашања дали Рамос воопшто ќе игра повеќе.

Со закрепнувањето на Рамос се занимаваат и француските медиуми од кои може да се дознае дека Шпанецот добро напредува, но и дека не се очекувало толку долго да отсуствува. Најмногу месец-два сметаа на тоа во клубот и овие четири месеци маки ги изненадија сите.

Од друга страна, „Екип“, исто така, ја пренесува загриженоста на медиумите од родната Шпанија на Рамос, но се осврнува и на прашањето за неговата плата. Се наведува дека играчот, чие деби допрва треба да се очекува, е еден од најплатените фудбалери на ПСЖ со заработка од шест милиони евра годишно по сите давачки.

Слични содржини