Кадиров: Чеченски борци испратени на руската граница со Украина

од Stefanija Kuzmanovska
250 прегледи

Чеченските борци се распоредени во руската област Белгород, која граничи со Украина, за да спречат напади на „украинските диверзантски групи“, изјави чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

Во последниот месец, регионот на Белгород пријави серија прекугранични упади на „проукраински руски партизански групи кои себеси се нарекуваат противници на претседателот Владимир Путин“, пренесува „Ројтерс“.

Кадиров рече дека борците од баталјонот Запад-Ахмат биле распоредени во близина на пограничното село Нехотеевка и контролен пункт во областа Граиворон, местото на прекуграничен напад во мај.

„Жителите на териториите долж границата со Украина можат да бидат мирни. Кој и да влезе во нашите граници, ќе добие брз одговор“, напиша Кадиров на Телеграм.

Украина негира вмешаност во прекуграничните напади, додава „Ројтерс“.

Слични содржини