Кадиров до Киев: „Господа, не треба потерница, доаѓам по вас“

од Stefanija Kuzmanovska

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, му порача на Киев дека нема потреба да го ставаат на потерница бидејќи, како што рече, ќе дојде самиот.

„Господа, одредете место и време, јас ќе дојдам. Ќе дојдам по вас и ќе ве казнам за сите ваши злосторства“, рече Кадиров преку видео објавено на Телеграм.

Службата за безбедност на Украина (СБУ) го стави Кадиров на потерница поради „водење агресивна војна или агресивна воена акција“, за што се предвидува затворска казна од 10 до 15 години.

Слични содржини