Рамзан Кадиров, чеченскиот лидер и верен сојузник на Владимир Путин, објави дека ги испраќа своите три малолетни синови во војната во Украина. Посочува дека имаат 14, 15 и 16 години, но дека нивната воена обука почнала одамна, уште од мали нозе.
„Не е доволно само да знаеш да пукаш. Тие знаат како да ракуваат со различни оружја, како да ги користат на било која дистанца и теоретските основи. Отсекогаш сум верувал дека главната цел на секој татко е да всади побожност кај своите синови и да ги научи да го штитат своето семејство, народ и татковина. Ако сакате мир, подгответе се за војна“, објави Кадиров на својот канал на Телеграм.
„Акхмат, Ели и Адам се подготвени да ги искористат своите вештини и не се шегувам – време е да се покажат во вистинска борба, а тоа е нивната желба која ја поздравувам“, напиша тој.
„Наскоро ќе излезат на првата линија на фронтот“, додаде Кадиров.
Рамзан Кадыров решил отправить несовершеннолетних сыновей в зону военной операции
Ахмат, Эли и Адам будут находиться «на самых сложных участках линии соприкосновения», сообщил глава Чечни. pic.twitter.com/L81Om7fYux
— Газета.Ru (@GazetaRu) October 3, 2022
Тој ги повика оние кои тврдат дека неговото семејство не учествува во „специјална воена операција“ да го покажат својот дух, идеологија и кои се воопшто на бојното поле.
„Докажете дека сте барем малку мажи“, истакна тој.