207
Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров денеска ги повика муслиманите ширум светот да „застанат против НАТО“.
– Го повикуваме исламскиот свет и сите разумни луѓе да се обединат против нашиот заеднички непријател, напишал Кадиров на социјалните мрежи.
Тој изјавил дека НАТО претставува „глобална закана“ и ги обвини САД и ЕУ дека се движечка сила зад „десетиците војни, воени удари и инвазии“, кои однесоа милиони животи.
-Не дозволувајте НАТО да ви дава наредби затоа што ќе ви ги згазат татковините, рекол Кадиров, пренесува Срна.