Ако противниците на Русија ги наречеме светска заедница, тогаш конфликтот во Украина може да се смета за трета светска војна, изјавил шефот на Чеченија Рамзан Кадиров, пренесува РИА Новости.
– Ако ги земеме оние европски земји кои учествуваат во (конфликтот во Украина), тоа се НАТО, НАТО блокот и другите сродни земји, ако тие земји ги наречеме светска заедница, тогаш можеме да кажеме дека ова е трета светска војна, рече Кадиров за време на пренос во живо.
Во исто време, тој нагласи дека големите земји како Кина, Индија и Пакистан не учествуваат во „воените настани“.
– Колку оружје имаат, колку луѓе… Ако ја погледнете ситуацијата што се случува на територијата на европските земји – имаат митинзи, проблеми, смена на нивните лидери… ние не заменуваме никого, имаме мирна работна средина, нема проблеми, претседателот одржува состаноци, конференции, си ја врши работата, рекол шефот на Чеченија.