305
Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров изјави дека оние кои предизвикаа немири во Дагестан во неделата треба да ги насочат своите сили во „вистинската насока“ кон Украина.
„Ако постои таков жар и желба за справување со непријателот, јас само го поздравувам тоа! Но, тоа треба да се насочи во вистинската насока – кон Украина. Тоа се истите сили таму, вистински сатанисти, фашисти и слуги на Иблис, кои поддржуваат убиството на Палестинците“, напиша Кадиров на Телеграм, пренесува РИА Новости.
Тој ги советуваше младите да размислат „пред да направат такво нешто“.