Кадиров: Специјалните сили „Ахмат“ преместени во тешкото подрачје Бахмут

од Stefanija Kuzmanovska
601 прегледи

Чеченската единица на специјалните сили „Ахмат“, со која командуваше заменик-командантот на Вториот армиски корпус Апти Алаудинов, беше префрлена во областа Бахмут, изјави чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

„Командата за специјални операции ја премести единицата на специјалните сили „Ахмат“ под команда на Апти Алаудинов во тешкото подрачје Бахмут. Оваа одлука зборува за довербата на Генералштабот и ја докажува високата борбена способност на единиците“, напиша Кадиров на Телеграм, пренесе ТАСС.

Руската паравоена формација „Вагнер“ го зазеде Бахмут на крајот на мај, по 10 месеци жестоки борби со украинските сили, а борците на „Вагнер“ го напуштија градот во периодот од 25 мај до први јуни и ја предадоа контролата на руската армија.

Слични содржини