Кадиров: Украинските и западните служби планираат напади со цел да ме убијат

од Stefanija Kuzmanovska

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави денеска дека украинските и западните специјални служби подготвуваат терористички напади против него со цел да го убијат.

„Тие прават се за да се ослободат од мене. Има информации дека европските разузнавачки агенции подготвуваат терористички напади врз мене преку украинските“, изјави тој за каналот „Русија 1“.

Кадиров изрази уверување дека оние што планираат да го убијат „во секој случај ќе загубат“, пренесе РИА Новости.

Слични содржини