МВР започна со кадровски промени на раководни позиции во ресорот.

Од таму информираат дека вчера биле донесени неколку одлуки за разрешување на претходните, и за именување на нови раководители.
Сашо Трајковски е новиот началник на Петтата Управа во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Доаѓа на местото на Горан Грујовски.
Разрешена е и помошник-министерката за внатрешна контрола Анета Станчевска, а на тоа место доаѓа Дејан Андонов, кој порано работел во овој сектор.
Од началник на крим-полицијата е сменет Марјан Наковски, а на таа позиција е назначен Марјан Коцев, советник во кабинетот на министерот Спасовски.