Каевски: 15 милиони евра за субвенционирани оброци за 40.000 студенти

од Vladimir Zorba
199 прегледи

„СДСМ, заедно со СДММ креира и реализира мерки и политики за зголемување на студентскиот стандард и обезбедување на подобри услови за живот на младите во државата. Во таа насока се и измените и дополнувања на законот за субвенциониран студентски оброк, усвоени во Собранието, по поднесена иницијатива од Социјалдемократската младина на Македонија“, изјави денеска Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

„Мерката опфаќа околу 40.000 активни студенти, кои на почетокот на секој месец на сметка ќе добијат средства за субвенционирани оброци. Министерството за образование и наука ќе врши исплата од околу 15 милиони евра директно на трансакциските сметки на корисниците“, истакнува Каевски.

Слични содржини