180
„Левица и Димитар Апасиев имаат јасна агенда да го попречат патот кон ЕУ. Левица, не треба да се потценува, бидејќи како што поминува времето, таа и Апасиев ќе го земат Христијан Мицкоски како нивен заложник“, изјави денеска пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски..
„Мицкоски е слаб, нема визија, нема став, тој е обичен послушник на Никола Груевски. Но затоа, како што заканата од Левица раста, Мицкоски станува се поекстремен.
Тоа го покажа и пред некој ден кога самиотпотврди дека неговата ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на делата на Ванчо Михајлов“, смета Каевски.