Каевски: Апсурди, Арсовска тужи затоа што била кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска
246 прегледи

Во одговор на новинарско прашање по судското рочиште, коешто се одржа денеска а во врска со тужба од градоначалничката Данела Арсовска, портпаролот на СДСМ и пратеник, Дарко Каевски, рече дека тужбата не е за изнесените информации дека фирми на Аросовска должат за струја, туку затоа што се почувствувала навредена од тоа што била посочена како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

-Фактите во делот на долгот за струја којшто го имала фирмата кадешто сопственик или управилетл била Данела Арсовска е нешто што не може да се побиде. Тужбата е за тоа што сум ја навредил, со тоа што сум кажал дека била кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Дали Данела Арсовска се чувствува навредена што била кандидат поддржана од ВМРО-ДПМНЕ? Ако така се чувствува треба да го одговори пред јавноста. Фирмите воопшто не беа предмет ниту на дискусија, ниту доказите. Предмет на дискусија беше насочен како јас докажувам дека била кандидатка на ВМРО-ДММНЕ, рече портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски.

Каевски додаде дека за граѓаните се најлегитимни прашањата за неисполнетите ветувања на Арсовска.

-Уште полегитимни се прашањата за нејзините неисполнети ветувања, за бесплатниот јавен превоз, за еколошките автобуси, за нечистотијата во градот. Во овие шест месеци не видовме ниту еден проект релизиран од нејзина страма, рече Каевски.

Слични содржини