Каевски: Бараме одговорност за градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски

од Берта Китинска
221 прегледи

Објавувањето на скандалот со незаконското постапување на градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски, повикува на институционална реакција и одговорност.Бараме од сите надлежни институции, вклучително и ДКСК, но и Јавното обвинителство да покренат соодветни законски процедури за да утврдат одговорност за овој случај, велат Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

Toj додава дека согласно документите кои свиркачи ги имаат доставено до партијата има сомнение дека за повеќе незаконитости и прекршувања на законите.

-В.д директор на Јавно претпријатие, Добри Петров, по налог на градоначалникот, незаконски бил назначен за ревизор. Иако не ги исполнувал условите, немал положен ревизорски испит, немал ниту лиценца ниту сертификат.Основано се сомневаме дека со постапките на градоначалникот Бобан Стефковски, прекршен е член Член 36 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола и злоупотребена е службената положба и овластување.За незаконско работење мора да им одговорност, посочува Каевски.

Слични содржини