Каевски: Белиот дворец да се продаде и парите да се вратат кај граѓаните

од Nikola Popovski
323 прегледи

За владеачката СДСМ, пресудата за Талир 2 е нова потврда за епските граници на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, ова е победа на правдата во еден од најголемите корупциски случаи на ВМРО-ДПМНЕ и воопшто во историјата на правото во државата.

-Со судска пресуда е докажано Белиот дворец вреден околу 7 милиони евра е незаконски, криминално стекнат, врз грбот на граѓаните, односно со пари украдени од граѓаните. ВМРО-ДППМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови. Криминалната шема за Белиод дворец е драстична, безобразна, епска. Милионски суми на пари биле злоупотребени. Деталниот урбанистички план три пати е менуван за ВМРО-ДПМНЕ добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел, изјави портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски и побара:

-По правосилноста на пресудата, Белиот дворец треба да се продаде и парите да се вратат онаму каде што припаѓаат, кај оние од коишто им е одземен а тоа е се граѓаните.

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конфискувано од државата поради незаконска изградба, одлучи денеска Основниот суд Скопје 1 со пресудата за предметот на поранешното специјално обвинителство „Талир 2 “. Судот му одреди казна затвор од 6 години на првообвинетиот поранешен премиер кој е во бегство, Никола Груевски, додека на второбвинетиот поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски му одреди условна казна затвор од две години

Слични содржини