Каевски: Бесплатен јавен превоз е можен само со БРТ

од Vladimir Zorba
225 прегледи

„Данела Арсовска не работи ништо во интерес на граѓаните, таа во првите две месеца покажа дека знае само да стопира важни проекти. Меѓу нив секако еден од најважните е Бас рапид транзит системот со кој Скопје добива нов, ефикасен и еколошки јавен транспорт“, соопшти денеска Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

„Арсовска со штури оправдувања го прекина овој важен проект за чија реализација беа обезбедени средства од Европската банка за обнова и развој. И самата Европска банка за обнова и развој ги демантираше лагите на Данела Арсовска.

Наместо да го реализира БРТ системот, таа ги лаже граѓаните дека ќе воведе бесплатен автобуски превоз за две години отсега, иако граѓаните очекуваа бесплатен јавен превоз уште во првите 82 дена од нејзиниот мандат“, посочува тој.

Слични содржини