Откако неуспешните блокади проападнаа, редно е пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги закажат седниците на Комисиите на кои кочат важни закони за граѓаните. Откако неуспешните блокади на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието пропаднаа, невидените чекори од Белиот дворец се сведоа на протест кој треба да се одржи за еден месец од сега, порача на прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
Каевски изјави дека одолговлекувањето не носи ништо, никој не добива, а граѓаните чекаат.
„Да не се одoлговлекува туку веднаш да се закаже Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, да се усвојат измените со кои на над 17.000 тутунари ќе им се исплатат над една милијарда и триста милиони денари субвенции.Да не се одoлговлекува туку да се донесе Законот со кој се обезбедуваат 25 милиони евра за фотонапонски централи со моќност ид 30 kw. На среде економска и енергетска криза.Да не се одолговлекува туку да се донесе Законот за намалување на прагот на ДДВ за регистрација на фирми, што е многу важно за компаниите.Да не се одолговлекува туку да донесат 30-тина закони за намалување на казните, односно усогласување со Законот за прекршоци“ рече Каевски.
Како што додаде, народот не сака блокади а во време на најголема економска и енегетска криза и обидите за вешташко создавање криза е недоговорно.