Каевски: Документи потврдуваат, Данела била управител кога нејзината фирма направила долг за струја (ФОТО/ВИДЕО)

од Берта Китинска
904 прегледи

Објавуваме уште еден документ кој го потврдува големиот скандал со фирмите на Данела Арсовска кои не плаќале струја со години односно не платиле над 54.000 евра!Токму во периодот кога е направен долгот, или слободно може да кажеме кражбата на струја, Данела била управител на оваа компанија, Империал Данела а потоа Империал, вели Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

Тој напоменува дека во 2014 година ЕВН констатирала кражба на струја во вредност од 54.000 евра!, А токму од 2013 година до 2014 година, Арсовска била управител на оваа компанија.

-Тоа е вистината која ја покажуваат овие документи.Толку од чесноста на Данела Арсовска.Не е ниту е чесна, ниту пак е независна, таа е иста како Груевски чија кандидатка е.Ако не плаќала струја, не почитувала Договор и направила милионски долгови, јасно е дека исто ќе се однесува и со парите на граѓаните, со градскиот буџет и договорите на градот.Тоа е впрочем одлика на кадрите на Никола Груевски. Тоа е одлика на ВМРО-ДПМНЕ кои 27 години го опустошија Скопје.Арсовска да излезе пред граѓаните на Скопје и да каже дали има и други вакви долгови и кон кого?Ваквото нечесно, неодговорно и недомаќинско однесување на Арсовска ќе го ценат граѓаните, кога во недела ќе и испорачаат убедлив пораз и ќе покажат дека нема да дозволат нечесни и неодговорни поединци да го водат Град Скопје, вели Каевски.

Слични содржини