Каевски: Фридом Хаус ги потврди успешните политики на Владата

од Берта Китинска
235 прегледи

Најновиот извештај на Фридом Хаус, нотира  напредок на Република Македонија од три поени во споредба со минатата година, вели Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

-Генералната оценка на најновиот извештај на Фридом Хаус е дека Владата на повторно избраниот премиер Зоран Заев направила пресврт во однос на повеќе годишното претходно уназадување на демократијата.Ова, е силен и неоспорлив доказ за успешните политики на СДСМ и премиерот Заев, за слободата и демократијата која сега ја живееме, вели Каевски.

Тој вели дека во Извештајот е потенциран новиот забележителен напредок на нашата земја, во поглед на изборите, стабилниот напредок во реформите, како и активната вклученост на медиумите и граѓанското општество во интензивниот јавен дискурс.

-Забележан е прогрес во поддршката на граѓанското општество со јасна забелешка дека дел од граѓанските организации и натаму укажуваат на притисок врз нивното работење од страна на ВМРО-ДПМНЕ.Истовремено, Извештајот констатира дека работата на невладините организации е слободнa и безбеднa со сериозни промени за разлика од периодот до 2017 година, а нотирано е дека расте бројот на критички и независни медиуми особено на онлајн платформите.Времето кога нашата татковина беше препознаена како заробена и изолирана држава заврши со падот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е потврдено и од меѓунардони реномирани организации, вели Каевски.

Слични содржини