Каевски: Граѓаните веруваат дека системот го врати Мијалков во притвор

од Nikola Popovski
314 прегледи

„Кога системот делуваше и го врати Мијалков во притвор, тогаш ВМРО-ДПМНЕ вели дека не треба да има таков систем“, изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски за емисијата „Клик плус“.

Според него, системот функционира и тој придонесе Мијалков да се врати назад.

„МВР, Министерството за правда, БЈБ и сите институции кои што беа надлежни во тоа. Сите граѓаните веруваат во изјавата на Заев дека системот придонесе тоа лице да биде во притвор. На опозицијата тоа не ѝ се допаѓа, но тоа е реалноста и ние, пред се, го правиме тоа за граѓаните“, истакна Каевски.

Слични содржини