Каевски: Компании на Арсовска не плаќале струја

од Берта Китинска
304 прегледи

Компании на Данела Арсовска не плаќале струја, направиле долг од 54.000 евра, документи откриваат голем скандал за кандидатката на Груевски, вели Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

-Нејзина фирма „Империал – Данела“ ДООЕЛ Скопје, понатаму „Империал ДООЕЛ увоз извоз Скопје“ во кои таа била управител и сопственик, со години под закуп ја има спортската сала Расадник во Кисела Вода.Но, фирмата замислете, не плаќала струја! Фирмата на Данела направила долг од 3,3 милиони денари!Данела ниту е чесна ниту е независна. Кандидатката на Груевски е иста како него.Ова почитувани граѓани е класичен пример за неодговорно, расипничко и недомаќинско работење, објасни Каевски.

Тој додаде дека  јасно е  ако Арсовска вака лошо управува со една сала, јдека нема да може да управува со цел Град.

-Ако не плаќала струја, не почитувала Договор, направила милионски долгови, јасно е дека исто ќе се однесува и со парите на граѓаните, со градскиот буџет и договорите на градот.Тоа е впрочем одлика на кадрите на Никола Груевски. Тоа е одлика на ВМРО-ДПМНЕ кои 27 години го опустошија Скопје.Не може граѓаните да си ги плаќаат своите сметки а Данела на нивниот грб да се богати, кажа Каевски.

 

Слични содржини