Каевски: Ковачки и Таравари дел од крвавото коалициско сценарио на насилните протести

од Vladimir Zorba
193 прегледи

„Неуспешното крваво сценарио на насилните протести на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, се потврди дека било помогнато и од структури блиски на Алијанса во Скопје, односно на претседателот во обид, Арбен Таравари. Сите пиштолџии на Мицкоски, МВР ги пронајде и се санкционирани“, вели Дарко Каевски, пратеник од редовите на СДСМ.

„Меѓу нив предничи Јусуф Енус алијас Цуфи Кока, чиј брат беше директор на Комунална хигиена Скопје поставен од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, односно од Арсовска.

Само по два дена од разрешувањето од директорската функција, иститот Јусуф Енус е поставен за шеф на кабинет на новата директорка Косана Мазнева.

Очигледно дека коалицијата на структури на Алијанса во Скопје, под команда на Таравари, одлично функцираат со ВМРО-ДПМНЕ под команда на Мицкоски“, тврди Каевски.

Слични содржини