Втор ден Христијан Мицкоски молчи за фактот што САД на својата црна листа го стави неговиот шеф и осуден криминалец во бегство Никола Груевски.Причината за овој потег сите добро ја знаеме а тоа е вмешаноста на Груевски во корупција и криминал, вели Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.
-Или како што наведува Стејт департментот: искористување на неговото политичко влијание и моќ за лична корист, злоупотреба на моќта на својата функција за да бара и зема мито во замена за владини договори; присвојување државни средства; и мешање во изборните процеси.Сето ова граѓаните го слушнаа и во бомбите, во материјалите од Вистината за Македонија. Бројни судски пресуди и признанија во предметите како „Титаник“ „Тенк“ Таргет Тврдина“ ги потврдија криминалните дејствија на Никола Груевски и неговите соработници, вели Каевски.
Тој вели дека молкот, тишината на Мицкоски е силна потврда на се она што се говори и што граѓаните добро го знаат.
-Христијан Мицкоски е еден од сорботниците на Никола Груевски, негова десна рака, негов советник, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.До денеска Христијан Мицкоски се нема оградено ниту еднаш за целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ.Не слушнавме ниту осуда за сторените дела, ниту згрозување, ниту извинување кон граѓаните, велат од СДСМ.