„Христијан Мицкоски денеска се обиде да се сокрие од јавноста преку објава на социјалните мрежи каде се правдаше за неговите хидроцентрали. За се’ е подготвен да зборува само за струјата која го повикуваме да се отстапи на граѓаните не. Ниту збор“. Оваа порака ја испрати пратеникот од редовите на СДСМ, Дарко Каевски на денешната прес-конференција.
„Кои се фактите:Дали Мицкоски е основач и сопственик на фирмата „Енерготек“?Да, еве документ што тоа го потврдува.Таа фирма заедно со фирмата „Минка ДА“ го формира конзорциумот „Минка – Енерготек“.Дали овој конзорциум добил државно земјиште за хидроцентрали во време кога Мицкоски е советник за енергетика во Владата?Да, еве исто така документ што тоа го потврдува.Христијан Хидро Мицкоски е познат по своите бизниси со хидроцентрали тоа е факт што никој не може да го побие.Денес, самиот Мицкоски постојано тврди дека бил загрижен, дека било криза, дека се живеело лошо додека тој се кара внатре во ВМРО-ДПМНЕ за тендери и провизии“, вели Каевски.
-Ако навистина е загрижен за енергетиката и за економскиот стандард, тогаш зошто Мицкоски не сака да ја отстапи произведената електрична енергија на граѓаните?Ете му шанса на Мицкоски да покаже одговорност во време на светска економска и енергетска криза. Или провизии се дел од причината зошто се молчи?, прашува Каевски.