Каевски: Мицкоски струјата од неговите хидроцентрали да ја даде бесплатно на граѓаните

од Берта Китинска
221 прегледи

Бидејќи е познат по своите хидроцентрали за производство на струја, го повикуваме Христијан Мицкоски струјата да им ја даде бесплатно на граѓаните. На што личи тоа Мицкоски наутро да лаже на прес конференции а навачер да брои пари од високите фактури за струја од неговите хидроцентрали?, изјави на денешната прес-конференција Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Христијан Мицкоски е основач и сопственик на фирмата „Енерготек“ со која влегува во конзорциумот „Минка – Енерготек“, додава пратеникот од СДСМ.

„Во 2015 година од Владата на Груевски добива 33 илјади метри квадратни државно земјиште и гради хидроцентрали. Мицкоски токму во тој период во истата таа Влада од која добива земјиште и концесија е советник за енергетика на неговиот шеф и ментор, тогаш премиер, Никола Груевски. Затоа и меѓу своите од ВМРО-ДПМНЕ го добил и надимакот Хидро Мицко“, истакна Каевски.

Според него, во време на светска економска и енергетска криза, но и години претходно, Мицкоски го полнел џебот продавајќи електрична енергија од своите хидроцентрали.

Ако е загрижен за струјата и стандардот на граѓаните, Мицкоски ќе ја отстапи бесплатно струјата од своите хидроцентрали за граѓаните, додаде Каевски.

Слични содржини