„Опозицијата, не само за кризата, туку и за дневните редови, за се, се однесува со опструкции. Не паметат ни постарите пратеници дека се дискутирало толку долго за лесни точки на дневен ред. Опозицијата се обидува секоја постапка да ја одолговлекува, но таа блокада и тие опструкции не носат добро на граѓаните и граѓаните тоа го знаат. Многу закони се блокирани од опозицијата, цела година и повеќе го гледаме тоа однесување на опозицијата, однесување кое е на штета на граѓаните. Опозицијата бараше во август да не работиме, а имавме важни точки, како на пример изборот на уставни судии, но тие инсистираа да продолжиме во септември, но опозицијата пак не го почитува договореното, одново ги развлекува седниците и точките на дневен ред.“- изјави пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски, во „Топ тема“ на Телма.
„Ваквото неодговорно однесување не е добро за граѓаните. Опозицијата е таа која апелираше да ја почитуваме, да ги почитуваме нивните предлози, затоа ние ги повикуваме постојано на дијалог. На ниво на партии секој понеделник имаме координации и договараме како да се движат работите, но на крајот пак сме соочени со блокади“- изнесе Каевски.