Каевски: Нашата економија е атрактивна за нови странски инвестиции и во време на светска криза

од Берта Китинска
172 прегледи

Компаниите производители на основни производи како брашно, леб и пекарски производи, масло за јадење, млеко и млечни производи ќе се снабдуваат со поевтина електрична енергија, изјави портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски на прес-конференција.

За овие компании, како што кажа Каевски, цената на електричната енергија ќе биде 80 евра за мегават час, што е за повеќе од двојно поевтино отколку актуелната цена. Ова, треба да резултира со намалување од најмалку 10 отсто на крајната цена за потрошувачите на овие производи.

„Во време на светска економска криза, особено е важно намалувањето на невработеноста и отворањето на нови добро платени работни места. Само во последниов месец, се отворија неколку нови фабрики, нови инвестиции од областа на енергетиката и автомобилската индустрија. Американската компанија од автомобилската индустрија Кемет Електроникс, отвори нова, втора фабрика и сето тоа заради поддршката и условите кои ги добива во нашата држава. На долг рок тоа ќе значат вкупно 1.000 вработувања, со високи нето плати за вработените.

Слични содржини