153
Денеска видовме и една слична прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ којшто повторно се обидуваат преку лаги , дезинформации, измислици да го нарушат процесот, да створат недоверба кај граѓаните за процесот со ЕУ, изјави на прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ
„Јасно кажавме и повторно ќе потенцираме дека нема никакви нови договори, никакви нови документи, никакви нови обврски за нашата држава надвор од протоколот.
Република Северна Македонија ги започна преговорите со ЕУ и секако следи процесот со ЕУ и сите придобивки којшто произлегуваат од него“, изјави Каевски.