Откако во јавноста излегоа сведоштва за наводен рекет и закани од страна на Христијан Мицкоски, сега на ред е Јавното обвинителство.Овие сериозни обвинувања за нови криминални шеми на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски доаѓаат од актуелен градоначалник на скопска општина и од долгогодишен бизнисмен, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
„Има индиции дека некој се обидува да ги рекетира луѓето, дури и закани кон стопанственици дека еден ден кога ќе дошле на власт дека тие ќе биле затворени и така натаму. Срамота е за некој што сè уште не дошол на власт да се заканува.“ рече градоначалникот во изјава која се однесуваше на Мицкоски.Истовремено, слично тврдење имаше и бизнисменот кој рече: (цитирам) Јавно го повикувам Мицковски да престане да ми се заканува, никој не му се плаши, и никој не му е крив што можеби сакал да се омрси од Делчевските кримоси кои го опљачкаа и ЕВН.Ова, почитувани, воопшто не се наивни тврдења.Јавноста преку судските пресуди виде за каков се криминал е способна ВМРО-ДПМНЕ, но очигледно и по пресудите во оваа партија ништо не се менува“, посочува Каевски.
Каевски вели дека надлежните институции, првенствено Јавното обвинителство мора да постапи и да ги истражи овие наводи.
-Мицкоски мора да знае дека заврши времето кога некој беше недопирлив и над законите,Денес правдата законот важи за сите, а правосудниот систем работи ефикасно и ослободено од политички притисоци, посочува тој.