Каевски: Опозициски пратеници доаѓаат само да се потпишат, примаат патни трошоци и си одат

од Nikola Popovski
364 прегледи

„Премиерот Заев ја искористи можноста што се предвидува со деловникот. Тоа беше од причина да покаже пред сите за сето она што го говореше ВМРО-ДПМНЕ дека владеачкото мнозинство е нестабилно“, изјави пратеникот од редовите на СДСМ, Дарко Каевски за емисијата „24 анализа“.

Според него, вчерашното гласање доверба на Владата се случило и поради лажните вести кои доаѓаат од опозицијата.

„Имаме пратеници од опозицијата кои воопшто не се доаѓаат и само сакаат да се потпишат, да примат патни трошоци и да си заминат. Лидери по тоа се пратениците од опозицијата од поодалечните градови, а граѓаните за тоа ги плаќаат“, наведе Каевски.

Слични содржини