Освен што не плаќала струја, Данела Арсовска со нејзините и семејните фирми ја оставила салата Расадник како руина, целосно запуштена.Фирмата на Данела Арсовска „Империјал Данела“ ДООЕЛ Скопје, понатаму „Империјал“ ДООЕЛ Скопје во 2002 година потпишала договор за закуп на спортската сала „Расадник“ зад мене, вели Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.
-Еве го договорот што Данела Арсовска го потпишала на десетти јануари 2002 година за закуп на салата за месечна закупнина од 1.000 евра месечно плус ДДВСо членот 4 од договорот фирмата на Данела се обврзала да ја реновира кровната конструкција, да го смени паркетот на теренот, да ги реновира соблекувалните и да го уреди просторот околу салата.Овој договор почитувани има и Анекс со кој се надополнува членот четири каде се додаваат и хотел со 24 легла, пет терени за сквош, фитнес центар, отворен базен, помошни објекти и петнаесет бунгалови.Ништо од ова како што гледате не е направено, објаснува Каевски.