Каевски: „Паразити“ од ВМРО-ДПМНЕ месечно добивале и над 13 минимални плати

од Nikola Popovski
182 прегледи

СДСМ продолжи да објавува нови податоци за лица од ВМРО-ДПМНЕ, како дел нивната афера „Паразити“. Според денешната објава, „поранешниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ добивал месечна плата од 101.000 денари плус додаток за минат стаж од 0,5 отсто“.

-Во време кога минималната плата за работниците беше 8.000 денари, Грозданов месечно добивал над 13 минимални плати. Од него повисока плата, секако исплатена од Буџетот, добивал поранешниот директор на АЕК, Сашо Димитриевски, исто така кадар на ВМРО-ДПМНЕ кој имал плата од 120.000 денари или близу 2.000 евра, односно годишно инкасирал околу 24.000 евра, истакна портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски.

Од таму додаваат дека „меѓу паразитите на ВМРО-ДПМНЕ со убедливо најдолг стаж е поранешниот директор на Развојната банка, Драган Мартиновски кој за 12 години на функцијата зел над 340.000 евра народни пари“.

-Ниту една празна прес-конференција од луксузниот дворец, ниту едно соопштение не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ била и се уште е партија на паразити, која не се грижи за интересите и потребите на граѓаните, потенцира Каевски.

Слични содржини