Каевски: Партиски панаѓур на ВМРО-ДПМНЕ, отчет на градоначалници пред Мицкоски наместо пред граѓаните

од Destan Jonuzi
151 прегледи

За една година локална власт на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните не видоа ниту еден нов капитален проект, ниту едно решение, ниту помош во време на криза, изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, портпарол на СДСМ и пратеник.

– Но затоа секојдневно гледаат кавги за провизии и тендери, масовна партизација и расипничко трошење на народните пари во време на светска криза. Резултатот од една година локална власт на ВМРО ДПМНЕ се гледа во Скопје: целосен хаос во градот. Наместо бесплатен превоз, нема превоз, наместо нови еколошки автобуси ниту тие што ги има не возат, заглавени, нефункционални јавни претпријатија и нула проекти. Затоа денеска, затворени и далеку од граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ на партиски панаѓур ќе даваат отчет пред шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски. Не пред граѓаните, пред Мицкоски. Денешниот партиски панаѓур на ВМРО-ДПМНЕ е само уште еден доказ дека градоначалниците од оваа партија не работат за интересите на граѓаните, туку за личните и бизнис интереси на Мицкоски, истакна Каевски.

Тој додаде дека Мицкоски е шпицниот градоначалник на секоја општина предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

– Тој прави увиди, тој договара набавки, пред него, наместо пред граѓаните даваат отчет градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Сосема исто како во времето на Никола Груевски, во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, нагласи Каевски.

Слични содржини