Каевски: СДСМ се грижи за граѓаните, шпицниот за тендери, a ВМРО-ДПМНЕ удира по џебот на граѓаните за провизии

од Nikola Popovski
133 прегледи

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски денеска ги обелодени мерките што Владата ги презема за заштита на граѓаните и фирмите, во екот на најголемата економска и енергетска криза.

-Обезбедени се храна,​ струја​ и енергенси за претстојната зима.​ Владата​ субвенционира 80 отсто од сметката за електрична енергија за над 600.000 домаќинства и над 70.000 мали и средни компании.​ Со мерката за основните и средните училишта​ кои​ се префрлаат на регулираниот пазар,​ обезбеден е​ наставниот процес со физичко присуство​ во зима.​ Поевтина електрична енергија е обебзедена и за болниците и здравствените установи. Парно во Скопје ќе има за целата грејна сезона​ благодарение на тоа што го презема Владата откако ВМРО-ДПМНЕ покажа неспособност и се откажа, рече Каевски.

Тој обвини дека „ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски​ се посветени на тендери и провизии“.

-Последно, се скараа за тендер од 136 милиони евра во Скопје и самите се фатија со рацете во медот. Скопје и општините кои ги раководи ВМРО-ДПМНЕ стојат една година, не се реализираат проекти. Шпицниот градоначалник​ Мицкоски со неговите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ вртоглаво ги покачуваат комуналните услуги​ и директно брцаат со рацете во џебот на граѓаните, изјави Каевски и додаде:

-Тоа е голема, суштинска разлика. СДСМ се грижи за граѓаните во време на криза, шпицниот градоначлник Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се грижат само за тендери и провизии.

Слични содржини