„Голем број на договорите со ЈПДП имаат дел доверливост и тоа е воспоставена пракса. Да се прави помпа од договорот со ‘Бехтел и Енка’ е со цел да се нанесе штета на овој проект од сериозни размери и важен за државата и само се отежнува процесот“ изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека договорот не се крие и дека институциите прават анализи и консултации со изведувачите кои делови од договорот може да бидат објавени за граѓаните да добијат одговори на одредени прашања.
„Верувам дека нема да се блокира и отежнува процесот во периодот што следи, бидејќи тој е од национална важност и верувам дека сите политички партии ќе се одважат и ќе допринесат за негова реализација“ рече Каевски.
Пратеникот од СДСМ кажа дека лаги се тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека има предвидени пенали во договорот и додаде дека за сите важни процеси, опозицијата шири дезинформации.
„Не постојат пенали, постои само пролонгирање на рокови ако предложените закони не се донесат. Ќе има пролонгирање, проектот ќе се изведува по постоечките законски прописи и ќе чини повеќе од првичната сума. Секое пролонгирање на роковите и времето на изградба значи дека проектот ќе чини повеќе“ рече Каевски.