Каевски: Скандал со парцели од 30.000 квадрати во Долно Соње води кон градоначалникот на Сопиште Трпковски

од Vladimir Zorba
453 прегледи

„Скандал со парцели во Долно Соње води директно до актуелниот и сегашен кандидат за градоначалник поддржан од Христијан Мицкоски, Стефче Трпковски. Погледнете ги овие 28 имотни листови. Бројни парцели, со илјадници метри квадратни во Долно Соње за краток период станал сопственик само еден човек, близок до градоначалникот“, изјави Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

„Хектари се во прашање овде, над 30 илјади метри квадратни купено земјиште за само неколку години.

Како е можно еден човек близок до актуелниот градоначлник Трпковски за краток временски период да купи 30 илјади метри квадратни земјиште? Дали станува збор за дил ориентед релации кум-кумашин, како во времето на Никола Груевски и богатење на грбот на граѓаните?“, посочува Каевски.

Слични содржини