Каевски: Со вметнување на Бугарите во Уставот, тезата „еден народ-две држави“ ќе падне во вода

од Nikola Popovski

Жал ми е што има структури во ВМРО-ДПМНЕ што се против и тоа ја прифаќа тезата на некои националисти во Бугарија дека нашите две земји се „две држави, еден народ“. Со вметнувањето на Бугарите во Уставот, таа теза ќе падне во вода. Драго ми е што ова што го слушнав дека немаш ништо против да влезат и останатите заедници во Уставот. Тоа е добро и така треба да размислуваме. Знам дека вашата заложба е да бидеме дел од ЕУ. Заеднички можеме да постигнеме компромис, му рече портпаролот на СДСМ и пратеник, Дарко Каевски на неговиот соговорник од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски.

Каевски истакна дека парламентарните избори ќе бидат редовни и ќе бидат во 2024 година.

-Ние како СДСМ нема да дозволиме за вакви сензитивни прашањак како евроинтеграцискиот пат, некој да не уценува, додаде пратеникот во емисијата „24 анализа“.

Тој додаде дека „лидерот на ВМРО-ДПМНЕ има проблем со внесување на Бугарите и дека нема да гласаат“.

Слични содржини