Во гостувањето на Само Вистина, Дарко Каевски пратеник од СДСМ истакна дека ВМРО-ДПМНЕ од самиот почеток немала став за ниту едно прашање.
-Токму денеска тоа што се случи во Брисел јасно покажува што е сето она низ кое поминавме и што се утврди со договорите кои ги потпишавме со Бугарија и Грција. Тоа што се случи денеска јасно покажува дека македонскиот јазик е загарантиран, со договорот со Грција и она што го направивме во изминатиот период е во насока да го оствари нашиот децениски сон да ги започнеме преговорите со ЕУ, станавме членка на НАТО и со тоа да покажеме дека оваа држава има иднина и може да се грижи за сите граѓани подеднакво.
Тоа што денес се случи во Брисел е дека јасно се утврдува македонскиот јазик и јасно се утврдува македонскиот идентитет.
Уште во 2017 година се потпиша договорот со Бугарија, јас не очекувам блокади и други опструкции за да може да продолжиме по патот по кој сериозно газиме. Верувам Бугарија и сите наши соседи ќе ни дадат ветер во грб за евроинтеграциите.
Од самиот почеток ВМРО-ДПМНЕ немаше став за ниту едно прашање.КОга се решаваше најголемото прашањеза нашата држава господинот Зоран Заев понуди ВМРО-ДПМНЕ да биде дел од власта каде што Христијан Мицкоски одби. Дополнително за сите важни прашања немаа став, иако за сите важни прашања во државата мора да се има консензус, рече Каевски.