Каевски: Верувам дека Џафери ќе се извини, го осудувам однесувањето

од Nikola Popovski
223 прегледи

Си има постапки, ќе се расправа во Комисијата за мандатно-имунитетни прашања за однесувањето на Џафери и таму ќе имаме можност сите пратеници да ги дадеме аргументите, па да дискутираме. Се надевам дека ќе има постапка идека претседателот ќе се извини кон членовите во службите во Собранието. Се надевам ќе ја заврши постапката како што доликува кај еден претседател на Собрание. Верувам дека ќе се извини и затоа реков дека на Комисијата ќе се отвори тоа прашање, рече пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски за односот на Талат Џафери во Собранието и контроверзната снимка.

Каевски го осудува тоа однесување на Џафери.

-Ќе кажеме дека тој чин не е како што треба. Треба да се чујат и аргументите на Џафери. Верувам во една сериозна постапка и дека работата ќе тече како што треба, потенцира Каевски во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини